„Хедонист сум, сакам да јадам и да пијам“ – призна Азар откако ја заврши кариерата на 32 години

Белгискиот фудбалер Еден Азар неодамна ја заврши спортската кариера, а потоа проговори и за причините кои довеле до тоа.

Своевремено најскапиот фудбалер на планетата ја заврши кариерата на 32 години.

Во интервју за француски „Л’Екип“ тој изјави дека никогаш ги немал потребните навики за врвните асортимани кои му биле предвидени.

-Никогаш не внимавав што јадам, но не јадев ни плескавица секој ден. Не можете така да живеете 16 години. Јас сум хедонист, сакам да јадам и да пијам со друштво. Диетата обично е с.р..е и никогаш не ми помогна – рече Азар.

Тој беше свесен дека неговата кариера нема да трае долго

– Никогаш не сум сакал да играм до 40 години. Животот е краток, да се откажеш од многу работи. Не сакав да се жртвувам. Секогаш имав алкохол и многу храна во куќата, што всушност не беше за фудбалерите. Но, таков сум и не се срамам од тоа – кажа Азар.