ХДЗ слави победа! Пристигнаа првите официјални резултати

Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска, пренесува Index.hr.

Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ има 67 мандати.

Реки на правдата (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можеме! 3, Фокус 3, НП Север 2.

Како што пренесува хрватскиот портал, во изборниот штаб на ХДЗ во тек е прослава и толпата извикува „победа“.

Од друга страна, во штабот на СДП владеел молк.

Арсен Баук од СДП ги коментираше излезните анкети, според кои ХДЗ освоила дури 67 мандати, пренесе Јутарњи лист.

„Ова значително ќе се промени, без еуфорија, да забавиме малку“, рече Баук и додаде дека е невозможно Можеме! да доживеале таков пад.

„Ма какви три мандати, ќе оди кон 10. Силно се сомневам дека ХДЗ ќе добие толку мандати“, нагласи Баук.

Мирела Ахметовиќ (СДП) рече дека излезните анкети покажуваат дека СДП останува најсилната партија на левицата, па дури и остануваат овие резултати, кои според неа се подобри од претходниот изборен циклус.

Таа потсети дека досега „анкетите беа точни на многу низок одѕив“.

„Не сум сигурна колку е точно за толку голем одѕив“, нагласи таа за ХРТ.