Хаќим Рамадани по поразот во Брвеница бара работа само во приватни компании

Кандидатот за градоначалник од ВРЕДИ во општина Брвеница – Хаќим Рамадани кој вчера ги изгуби изборите со 150 гласа од кандидатот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Илиевски на Фејсбук објави дека е невработен и бара работа во приватни компании.

Ова доаѓа откако премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе го разреши од директорското место во Инспекторатот за локална самоуправа.

– Од денеска сум невработен. Дипломиран економист сум. Барам работа само во приватни компании – напиша Рамадани.

И покрај договорот за меѓусебна поддршка, Рамадани пред изборите изјавуваше дека мора да победи затоа што е Албанец и носеше гласачи од Германија за да го победи кандидатот за градоначалник од македонска националност.

По ваквите изјави, Мицкоски најави дека ќе го разреши.

– Беше жилава борба, тешка борба, со многу предизвици се одлучуваше во пет до дванаесет, знаете дека не заслужува ниту името да му го спомнам, тој противкандидат се обиде да профитира на името на националните поделби, на етничките поделби, не успеа, поразен е. Брвеница останува – Јовица градоначалник – рече Мицкоски.