Хајредини: Не е само ВМРО, туку голем дел од македонските граѓани се против уставни измени

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини вели дека голем дел од македонските граѓани се против уставни измени.

„Против смена на Уставот не е само ВМРО, како што секој ден го повторуваат Ковачевски, Маричиќ, Бујар и Груби. Против е, со исклучок на Албанците, огромното мнозинство на македонскиот народ од сите слоеви”, пишува тој на Фејсбук.

Toj додава дека никој освен министерот за надворешни работи, Бујар Османи, за кого Бугарите мислат дека има одмерени погледи, не тврди дека Бугарија не ги спори македонската историја, јазик и идентитет.

Опозицијата не сака да поддржи уставни измени под бугарски диктат. Во август, уставните измени ќе се најдат пред народните избраници во Собранието.