
Хајредини го советува Мицкоски да не ја менува Ангеловска Бежоска со Ставрески
-Тој ќе остане запаметен и како цело тоа време за проектот „Скопје 2014“ се потрошија една милијарда евра – пари на народот и „кога немавме леб, а купувавме чоколади“. Ставрески од Индија во Македонија го донесе злогласниот и контроверзен бизнисмен, Субрата Рој. Во негово време се склучи и коруптивниот договор со кинеската компанија СИНОХИДРО од која зедоа близу 30 милиони евра мито, посочува Хајредини.
Аналитичарот и ексминистер, Џевдет Хајредини смета дека премиерот Христијан Мицкоски би направил голема грешка доколку се уште актуелната гувернерка на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска ја замени со поранешниот министер, Зоран Ставрески. Хајредини во објавата истакнува дека Ставрески е познат како десна рака на експремиерот Никола Груевски и негов кум, прво во улога на министер за финансии, а потоа негов заменик.
-Тој ќе остане запаметен и како цело тоа време за проектот „Скопје 2014“ се потрошија една милијарда евра – пари на народот и „кога немавме леб, а купувавме чоколади“. Ставрески од Индија во Македонија го донесе злогласниот и контроверзен бизнисмен, Субрата Рој. Во негово време се склучи и коруптивниот договор со кинеската компанија СИНОХИДРО од која зедоа близу 30 милиони евра мито, посочува Хајредини.
Ексминистерот истакна и дека Ставрески е познат и по случајот „кога беше на власт, поради непозната адреса, поштата не можеше да му ја врачи поканата за да се јави на суд“.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова најави дека во понеделник наутро до Собранието ќе го достави нејзиниот предлог за гувернер на Народната банка. Како најсериозни кандидати за позицијата, во јавноста се лиферуваат имињата на актуелната гувернерка, но и на екс министрите за финансии Зоран Ставрески и Трајко Славески, како и ексвицегувернерката Маја Кадиевска-Војновиќ.
7 годишниот мандат на актуелната истекува на 22 ти мај, а според најавите за нов гувернер ќе се гласа во вторник идната недела. Претходно премиерот рече дека сите кандидати кои се разгледуваат се вонсериски искусни и дека е убеден дека кој и да седне на столчето во НБРМ ќе ја оддржи макроекономската стабилност.