Хашим Тачи се изјасни невин за новите обвинувања во Хаг

Хашим Тачи се изјасни невин за новите обвинувања во Хаг

Хашим Тачи – екс претседателот на Косово денеска пред Специјалниот суд се изјасни како невин, околу новите обвинувања од потврдениот дополнет обвинителен акт.

Новите обвиненија против Тачи, но и Кадри Весељи, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, се однесуваат на воени злосторства и злосторства против човештвото во Гњилане, Будаково и во Семиниште.

И во новото обвинение, четворицата се товарат за убиство, мачење, нехуман третман и противзаконско апсење.

Албанскиот премиер Еди Рама денеска бил во посета на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, тој објави видео на Фејсбук каде се гледа како влегува во објектот каде е сместен Тачи.

„Хаг – во посета на претседателот Тачи“ – пишува Рама.