Крунисувањето на кралот Чарлс Трети ќе се слави со грандиозна прослава на 6 мај.
Голем интерес привлекува и доаѓањето на принцот Хари, кој на крунисувањето на својот татко доаѓа сам, без сопругата Меган Маркл и нивните две деца. Според медиумите, може да се заклучи дека „омилениот внук“ на покојната кралица Елизабета Втора повторно ќе добие „болен шамар“ од семејството, што би можело целосно уништи секаква надеж во помирувањето.
Според британските медиуми, принцот Хари, војводата од Сасекс, на церемонијата ќе седне дури 10 реда зад останатите членови на кралското семејство.
Ова е главната причина поради која брзо ќе го напушти настанот во Вестминстерската опатија, каде што ќе се одржи крунисувањето.
Се предвидува дека во Британија ќе остане само 24 часа. Тоа значи и дека нема шанси за помирување и дека Хари можеби нема да има ни време да разговара со својот татко или брат за време на неговиот престој во Лондон.