Хари Кејн во 2 часот утринава потпиша за Баерн Минхен

Хари Кејн, капитенот на репрезентацијата на Англија е веќе член на Баерн Минхен, а вечерва може, ако игра, да го освои и својот прв трофеј со германскиот гигант во меч од Суперкупот.

Како што известуваат медиумите во Англија и Германија, откако Кејн ги минал лекарските прегледи, тој околу 2 часот утринава го ставил потписот на договорот со „Баварците“, за да потоа ги поздрави фановите на Баерн кои беа пред зградата каде што се наоѓа седиштето на клубот.