Хари Кејн во Баерн Минхен – реална опција!

Фудбалскиот напаѓач Хари Кејн е главна трансфер цел на Баерн Минхен, а центарфорот на Тотенхем испратил позитивни сигнали дека е расположен да го засили најтрофејниот германски клуб, објави „Скај Германија“.

Според информациите, Баварците и тандемот Ули Хенес – Карл-Хајнц Румениге пресекле околу опцијата кој да биде главниот напаѓач што ќе го бркаат, па изборот паднал на Кејн, а од комбинација отпаѓаат Виктор Осимен (Наполи) и Рендал Коло Муани (Ајнтрахт Франкфурт).

Она што ги развеселило Хенес и Румениге е позитивниот сигнал од Кејн дека е расположен да дојде во Минхен, зашто од минатото лето Баерн се распрашува за Англичанецот, но не добивале позитивни сигнали, што сега е променето.

Тотенхем нема да го продаде Кејн за помалку од 100 милиони евра, но Баерн е реална опција затоа што Даниел Леви не сака да засилува премиерлигашки ривали.

Реал Мадрид беше втората опција, но веќе извесно е дека „Кралевите“ воопшто не рамислуваат за Кејн, откако се отвори шансата за Килијан Мбапе.