Предизборниот штаб на американскиот потпретседател и демократски кандидат за претседател – Камала Харис објави дека нејзината кампања собрала 540 милиони долари донации за изборната битка против републиканецот и поранешен претседател – Доналд Трамп.
Нејзините помошници рекоа дека има огромен пораст на донации за време на минатонеделната Демократска национална конвенција во Чикаго, каде што Харис и нејзиниот кандидат за потпретседател на САД, гувернерот на Минесота – Тим Волц, ги прифатија номинациите за ноемвриските избори.
Трамп исто така се покажа како успешен собирач на средства, но се чини дека Харис го претекна. Персоналот на Трамп претходно овој месец објави дека во јули се собрани 138,7 милиони долари. Вкупно 327 милиони долари до почетокот на август.
За време на кампањата на Камала Харис, речиси една третина од донациите доаѓаа од донатори кои првпат донираат. Околу една петтина донаторите беа млади гласачи, а две третини беа жени, групи кои се сметаат за критични за изборите што Харис треба да ги привлече за да победи во ноември.
Кампањата на Харис бележи зголемување на бројот на оние кои би сакале да волонтираат за неа, речиси 20.000 од нив се пријавиле за таа работа.