Харадинај: Косово и Србија не смеат да го толерираат меѓуграничниот криминал

Рамуш Харадинај – лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово вели дека обврска на владите на Косово и Србија е да се борат против организираниот меѓуграничен криминал во двете држави.

Харадинај на Фејсбук напиша дека „организираниот криминал нема политичка и етничка припадност“ и ги загрозува сите граѓани.

„САД, Обединетото Кралство и сите држави на НАТО интервенираа во 1999 година во Косово за да го запрат геноцидот. Оттогаш овие држави исто така се посветени на (градење) мирен и безбеден регион“ – напиша екс-косовскиот премиер.

Тој порача дека „редот и мирот се во интерес на секој граѓанин, како и на двете држави, Косово и Србија“.

„Во интерес и обврска и на косовската и на српската влада е да се борат против организираниот криминал. Таквите чинови не смеат да се толерираат“ – напиша Харадинај.