Хаос по аеродромите ќе има до крајот на 2023

Хаосот и прекините на воздушниот сообраќај ширум светот би можеле да траат до крајот на 2023 година, вели извршниот директор на лондонскиот аеродром Хитроу

Одложувањата и прекините на авиокомпаниите во услови на тековниот пораст на патувањата по пандемијата може да траат уште 18 месеци, според извршниот директор на еден од најпрометните аеродроми во Европа.

„За ова нема брзо решение“, изјави извршниот директор на аеродромот Хитроу, Џон Холанд-Кеј, на Кристофер Џаспер од Блумберг во извештајот објавен во вторник. За тоа кој е излезот од ситуацијата, Холанд-Кеј смета дека авиокомпаниите сè уште треба да ангажираат повеќе персонал за да се справат со зголемената побарувачка за патувања и дека дневната граница за патници наметната од Хитроу може да остане до следното лето. „Апсолутно е можно да имаме уште едно лето со вакви проблеми. Ќе бидат потребни 12 до 18 месеци, и не само на Хитроу“, рече Холанд-Кеј, за Блумберг.

Поплавата од откажувања на летови, инциденти со изгубен багаж и прекини станаа глобален кошмар за воздухопловната индустрија која сè уште се опоравува од брановите отпуштања од пандемијата. Авиокомпаниите и аеродромите се обидуваат да ги објаснат доцнењата, понекогаш обвинувајќи се едни со други па дури и бојата на куферите е по некогаш виновна или пак луѓето кои работат од дома.