Хаос на бензинските станици – се чека со часови за да се наточи по стара цена
Фото: Вечер.мк
Непосредно по најавата на Регулаторната комисија за енергетика дека горивата од полноќ дрстично ќе поскапат, на бензинските пумпи во Скопје и во останатите градови настана хаос.
Редици возила пред бензинските станици откако РКЕ најави дека бензините на полноќ поскапуваат за 5,5 денари, а дизелот за 10 денари.
Информациите од терен се дека поголемиот дел од бензинските пумпи воопшто не точат дизел гориво вечерва.