
Редовната седница на бугарското Народно собрание беше прекината поради физички судир меѓу пратеници, кој се случи пред очите на јавноста и телевизиските камери.
Инцидентот избувна додека министерот за енергетика во оставка, Жечо Станков, одговараше на прашања за проектот за изградба на 7-ми и 8-ми блок на нуклеарната централа „Козлодуј“.
Во исто време, пратениците Гјунај Далоолу („ДПС – Ново начало“) и Радостин Василев (МЕЧ) влегоа во жестока расправија која ескалираше во физички судир – со туркање, клоцање и обиди за удари. Двајцата разменуваа и тешки навреди и закани, што ја вжешти атмосферата во салата.
Претседателката на парламентот, Раја Назарјан, прогласи пауза до 11:00 часот за смирување на тензиите.
Преземено од Фокус