Хана Гутиерез-Рид која му даде наполнет пиштол на Болдвин осудена на максимални 18 месеци затвор
Хана Гутиерез-Рид, која беше задолжена за оружјето на филмскиот сет и на актерот Алек Болдвин му даде наполнет пиштол пред да пука и убие кинематографер, е осудена на 18 месеци затвор.
Рид (26) беше прогласена за виновен за ненамерно убиство во март.
Таа беше прогласена за невина по второто обвинение – манипулација со докази за пукањето во Халина Хачинс во 2021 година на сетот на филмот „Раст“.
Гутиерез-Рид ја доби максималната казна.
Болдвин (65) исто така се соочува со судење за убиство од небрежност во јули. Тој се изјасни невин за обвиненијата.
Хачинс (42) беше убиена откако со пиштол што Болдвин го користеше на проба пукаше со вистински куршуми на снимањето на вестерн филмот во Ново Мексико.
Обвинителите рекоа дека Гутиерез-Рид не успеала да се погрижи оружјето да биде наполнето само со лажни куршуми кои се користат за да изгледаат и да звучат како вистински.
– Овој случај е за постојани, бескрајни безбедносни пропусти што резултираа со смрт на човек, рече обвинителката Кари Т Морисеј за време на завршните зборови на судењето.
Гутиерез-Рид беше „невнимателна“ и „непромислена“ кога не забележа дека вистинските куршуми се измешале со лажни куршуми во кутија со муниција на снимањето, рече Морисеј пред поротниците.