„Хамлет – денот на убиствата“ на Битолскиот театар доби награда на фестивал во Белград
Народниот театар од Битола ја доби наградата за најдобра претстава на фестивалот Инфант во Белград, за „Хамлет – денот на убиствата“, во режија на Марјан Неќаќ..
Фестивалот се одржа по 51. пат, а битолската претстава едногласно ја избра жири во состав Јована Балашевиќ – актерка, Јелена Радовиќ – сценограф и Милован Филиповиќ – актер.
„Едноставноста и прецизноста на режисерската постапка, синхронизираната и силна изведба на ансамблот, визуелно и музички имагинативна и смислено намалена и конкретна, сето тоа го прави битолскиот ‘Хамлет’ комплетна и вредна претстава, во духот и традицијата на овој фестивал“, велат од Битолскиот театар.