Хамилтон сака да го купи Челси
Британскиот Формула 1 пилот – Луис Хамилтон денеска потврди дека сака да го купи лондонскиот фудбалски премиерлигаш – Челси.
„Да, баш би сакал, вистина е“ – рече Хамилтон на новинарско прашање.
Возачот на Мерцедес заедно со американска тенисерка Серена Вилијамс се меѓу инвеститорите во конзорциум заинтересиран да вложи пари во купување на актуелниот европски првак. Хамилтон рече дека често е во контакт со Вилијамс.
„Таа е феноменална спортистка и жена. Ме праша што мислам за тоа и кога и реков дека ќе се вклучам (во конзорциумот за купување на Челси), одлучи и таа да се приклучи“ вели Хамилтон.