
Хамилтон: Ги гледам другите возачи на Формула 1 и се прашувам како успеваат да имаат семејства
Британскиот возач на Ферари, Луис Хамилтон, призна дека не знае како другите возачи на Формула 1 успеваат да ги комбинираат трките со семејството.
Британскиот возач на Ферари, Луис Хамилтон, призна дека не знае како другите возачи на Формула 1 успеваат да ги комбинираат трките со семејството.
– Да, многу е тешко, особено во денешниот свет. Ги гледам другите возачи и се прашувам како успеваат. Некои имаат деца, се во брак, некои имаат девојки. Поминав низ ова кога бев во моите рани 20-ти. Направив поинаков избор, решив да го искористам максимално времето во Формула 1, бидејќи е пократко отколку што мислат луѓето. Не сакам да имам каење или да мислам дека можев да посветам повеќе време на трките. Во последните десет години бев фокусиран исклучиво на мојата работа. Кога ќе ја завршам кариерата, ќе можам да правам што сакам. Ќе можам да се посветам на други работи без никакви ограничувања, изјави Хамилтон во интервју за „RTBF“.
Четириесетгодишниот Луис Хамилтон е седумкратниот шампион на Формула 1.