
Хамас го предаде израелско-американскиот заложник Еден Александар
Военото крило на палестинското исламистичко движење во соопштение потврди дека го ослободило Александар.
Хамас попладнево му го предаде израелско-американскиот заложник Еден Александар на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, и тој веќе патува за Израел, јавија британските медиуми, повикувајќи се на официјален извор.
Военото крило на палестинското исламистичко движење во соопштение потврди дека го ослободило Александар.
Хамас изрази подготвеност да учествува во преговорите за постигнување сеопфатен и одржлив прекин на огнот.
Палестинското движење ја повика администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да продолжи со напорите за ставање крај на војната во Појасот Газа.
Претходно, Хамас објави дека денеска ќе го ослободи израелско-американскиот заложник.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, од своја страна, имаше телефонски разговор со Трамп.
Кабинетот на Нетанјаху додаде дека Израел утре ќе испрати делегација во Катар за да преговара за ослободување на преостанатите заложници во Газа.