Хамас: Во текот на ноќта во израелските напади врз Газа загинаа најмалку 30 луѓе

Најмалку 30 лица загинаа, а стотици се ранети во текот на ноќта во израелски напад врз десетици цели во Појасот Газа, според Хамас, милитантната организација која владее со палестинската енклава.

Погодени се десетици станбени згради, фабрики, џамии и продавници, изјави портпаролот на Хамас, Салама Маруф, според Тајмс оф Израел.

Израелската војска објави дека десетици воени авиони извршиле напади врз цели на Хамас, кои вклучуваат две банкарски филијали што ги користи организацијата, подземен тунел и неколку воени објекти.