Екс-амбасадорот Мухамед Халили синоќа на ТВ21 рече дека во Македонија треба да има закон за забранети имиња, како што е она на „Ванчо Михајлов“.
„Закон за забранети имиња немаме и треба да го имаме“ – рече Халили.
Халили посочи дека посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков и отворањето на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ било една вистинска провокација.
„Една таква посета требаше да има цел за зближување на двете влади, институциите. Но, фактот што таа посета почна и заврши со некои изјави кои не доликуваат на досегашните вистински напори меѓу двата премиера Ковачевски и Петков, тоа значи дека целта не беше постигната, туку беше една вистинска провокација што не само јас лично како поранешен Амбасадор, туку и Советот на Амбасадори така го оквалификува“ – рече тој.
Целта било нашите институции да подпаднат под тие провокации за евентуално да се прикаже бугарското малцинство како обесправено.
„Да беше подруга реакцијата, ќе беше алиби на Бугарите дека Северна Македонија не се интересира за малцинските права на Бугарите, и не им дава на нив простор да се докажат. Бугарија проблемот го започна со еден друг метод, а тоа е да го негира постоењето на македонскиот јазик и нација. Кога Бугарија виде дека таквиот пристап не е прифатлив за ниту една членка на ЕУ, и нивната определби ги насочија на друго место. Бугарскиот премиер под раните притисоци во последно време од јавноста, беше решен да покаже едно светло кон јавноста дека тој е оној кој ги брани интересите на Бугарите кои живеат надвор од Бугарија“ – смета Халили.