
Халанд: Морам да го водам тимот
Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, верува дека мора да ја преземе улогата на лидер во тимот.
Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, верува дека мора да ја преземе улогата на лидер во тимот.
– Многу важни играчи си заминаа, па новите момци мора да дојдат и да направат разлика, а оние како мене кои се тука неколку години мора да преземат поголема одговорност. Морам да го водам тимот, да им помогнам на новите момци да се адаптираат што е можно побрзо, бидејќи не е лесно да се дојде во нова земја и веднаш да се игра. Треба да си помагаме едни со други, изјави Халанд за „Скај Спортс“.
„Граѓаните“ освоија три бода по првите три натпревари од тековната сезона и моментално е на 16. место во англиската Премиер лига.
Халанд игра за Сити од 2022 година. Дваесет и петгодишниот Норвежанец одигра 149 натпревари за тимот во сите натпреварувања, постигнувајќи 127 гола и 21 асистенција.
Денес од 17:30 часот Манчестер сити ќе биде домаќин на Манчестер јунајтед во дербито на четвртото премиерлигашко коло.