Веб страната на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk е исклучена откако беше “преземена” со хакерски напад.
Нападот се случил синоќа, а на сајтот на МОН се појавуваше фотографија на грчката хакерска група “Netwatchers” која ја презеде одговорноста за нападот.
Бидејќи надлежните информатички служби почнале да работат на утврдување на фактите за нападот и на подобрување на безбедноста на сајтот, веб страната е исклучена.
Од МОН за мкд.мк изјавиле дека сајтот бил информативен и на него немало никакви бази на податоци. Нема потреба од вознемиреност бидејќи податоците се заштитени, а отворена е истрага од МВР и од АЕК каде е пријавен хакерскиот напад