Хавиер Занети: Меси не го надмина Марадона

Поранешниот капитен на аргентинската репрезентација Хавиер Занети денеска изјави дека Лионел Меси не е најдобриот играч на сите времиња, пренесуваат медиумите во Буенос Аирес.

Меси пред три дена ја освои титулата светски шампион со Аргентина на Светското првенство во Катар. Аргентина ја победи Франција во финалето на Светското првенство по подоброто изведување пенали.

Некои аргентински медиуми објавија дека Меси сега е најдобриот играч на сите времиња и истакнуваат дека го надминал својот сонародник Диего Армандо Марадона, кој со репрезентацијата триумфираше на Светското првенство во 1986 година.