Легендарниот УФЦ борец Хабиб Нурмагомедов е во центарот на голем скандал кој, како што пренесуваат светските медиуми, може да го одведе во затвор.
Имено, Дагестанецот бил обвинет за затајување данок во Русија, поради што му биле замрзнати средствата на банкарските сметки.
Како што е наведено, можните казни се: затвор до три години за кривични дела извршени од физичко лице; и казна затвор до шест години за вработени во правни лица; забрана на одредени активности за три години; парични казни во износ од 200.000 до 500.000 рубли или во износ еднаков на заработката или сличен приход на сторителот во текот на една до три години.
Руски „Маш“ и „РТ“ велат дека Нурмагомедов станал цел на руските даночни власти откако се откажал од сопственоста на неколку фирми, а неговите роднини и блиски соработници, наводно, останале на чело во одредени случаи.
Руската Федерална даночна служба на крајот започна истрага против поранешниот шампион на УФЦ и откри неправилности во документите, што доведе до затворање на неколку фирми, тврди медиумски извор.