Функционерите од утре ќе добиваат уште повисоки плати

Државните функционери се најсреќни во првите денови од месец мај.

Имено, тие треба да ги земат априлските плати кои ќе бидат повисоки плати за дури 78%.

Зголемување ќе има кај претседателот на државата, Собранието и Владата, а нешто помалку ќе земат и министрите, пратениците, судиите, гувернерот и другите избрани и именувани функционери.

Според информациите, платите за месец април на претседателот на Уставниот суд и на потпретседателите на Собранието ќе се зголемат околу 60 илјади денари, додека пак министрите и пратениците ќе земат околу 56 илјади денари.

Зголемувањето следува откако Уставниот суд одлучи да го укине замрзнувањето на член од Законот за плати каде што коефициентот се пресметува во зависност од позицијата, но за основна плата се зема онаа од минатата година на истите државни функции.