Фудбалската федерација на Украина објави дека е во финални разговори за одигрување пријателски натпревари на националниот фудбалски тим против македонската и француската репрезентација, во рамки на подготовките за мундијалскиот бараж, кој беше одложен во март поради руската инвазија.
Информацијата оттаму се дека украинскиот национален тим сака подготвен да влезе во баражот за пласман на Мундијалот 2022, додавајќи оти за таа цел во тек се преговори за тренинг кампот и за одигрување контролни натпревари, први од почетокот на инвазијата на 24. февруари.
„Сега сме во преговори за тренинг кампот со неколку земји и за одигрување натпревари против Франција и Северна Македонија, но повеќе информации околу тоа ќе може да објавиме подоцна“ – велат од федерацијата.
Украина на 1. јуни треба да и гостува на Шкотска во рамки на полуфиналето од мундијалскиот бараж, додека македонската репрезентација на 2. јуни против Бугарија на гостински терен ги започнува натпреварите во Ц групата во Лигата на нации.