Фудбалскиот Мундијал во Катар ќе започне еден ден порано од предвиденото
ФИФА официјално потврди дека фудбалскиот Мундијал во Катар ќе започне еден ден порано од предвиденото. Тој ќе започне на 20. ноември годинава со мечот Катар – Еквадор.
Првично беше планирано Светското првенство да започне на 21. ноември 2022 година, а Мундијалот требаше да се отвори со мечот Холандија – Сенегал.
Промената беше изгласана од Комитетот на ФИФА.
Натпреварот Катар – Еквадор ќе започне во 19 часот по локално време, а натпреварот Холандија – Сенегал кој требаше да се одигра на 21. ноември во 13 часот, ќе се игра во терминот од 19 часот.