Фудбалска ЛШ: Барса го изненади ПСЖ сред Париз, Атлетико со тешка победа против Борусија (Д)

Во четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), Барселона го шокираше ПСЖ во Париз, победувајќи го со 3:2, додека Атлетико славеше на домашен терен во Мадрид, над Борусија Дортмунд, 2:1.

Петкратниот европски првак, Барса поведе со голот на Рафиња во 37. минута, но на почетокот од вториот дел уследи пресврт. Осман Дембеле и Витиња погодија во 48. и 50. минута за 2:1. На тоа одговори и Барселона, па Рафиња во 62. израмни на 2:2, додека конечните 3:2 ги постави Андреас Кристенсен.

Атлетико Мадрид оствари минимална предност во првиот натпревар против Борусија Дортмунд , 2:1. Мадриѓаните двата гола ги постигнаа во првото полувреме, а стрелци беа Родриго Де Пол во четвртата и Самуел Лино во 32. минута. Голот на надежта Борусија го даде во 81. минута, преку Себастијан Алер.

Реваншите се играат на 16 април.