Фудбалската селекција на БиХ ќе игра контролен меч против Русија

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина се согласила да одигра контролен меч против Русија.

Ова ќе биде прв меч за Русите по повеќе од 6 месеци пауза, односно откако започнаа санкциите кон Русија на сите полиња.

Русите не добија шанса да се борат во баражот за пласман на Мундијалот во Катар, а сите руски фудбалски екипи се суспендирани од натпреварите на УЕФА и ФИФА.

Руската федерација упатила покана до БиХ за меч во ноември 2022 година, термин кој е одреден за пријателски на ФИФА.

Од УЕФА засега нема реакција за некаква казна за БиХ, а од европската куќа на фудбалот се потенцира дека споменатиот термин е во календарот на ФИФА.