Фудбалската Лига на шампиони започнува во нов формат – Македонија ќе има четири претставници

Лигата на шампиони (ЛШ) од оваа сезона ќе се игра во нов формат со 36 учесници во лигашки дел, а ждрепката за натпреварувањето ќе се одржи од 18 часот.

Натпреварувањето ќе почне на 17 септември, а секој од тимовите ќе одигра по осум натпревари, наместо досегашните шест дуели.

Македонија ќе има четири претставници, а тоа се Елиф Елмас со Лајпциг, Стефан Ристовски и Аријан Адеми со Динамо Загреб и Бојан Миовски со Жирона.

Сите екипи ќе бидат поделени во 4 силни групи и секоја ќе игра против две екипи од секоја силна група – еден натпревар дома и еден на гости.

Првите 8 на табелата ќе се пласираат директно во осминафиналето, додека екипите пласирани од 9 до 24 ќе играат плеј-оф (еден натпревар дома и еден на гости) за пласман во осминафиналето.

Остатокот од нокаут фазата останува ист како и досега.

Најважно е дека стариот, рачен систем за извлекување оди во историјата. Наместо рачна работа, компјутер ќе ги одбере двојките.

Учесниците ќе бидат поделени во 4 шешири со по 9 тима, по што компјутер со вештачка интелигенција ќе ги избере нивните 8 ривали.

Новиот тип на извлекување на парови со вештачка интелигенција ќе трае 35 минути, што е многу пократко од времето што би било потребно за рачно влечење за овој формат – приближно 4 часа.