Фудбалската икона Синиша Михајловиќ ќе биде погребан во понеделник во Рим

Фудбалската икона Синиша Михајловиќ ќе биде погребан во понеделник во Рим – објави неговото семејство.

На Михајловиќ во јули 2019 година му беше дијагностицирана леукемија додека беше тренер на Болоња. Извесен период потоа неговата здравствена состојба значително се подобри и тој повторно седна на клупата на Болоња, но, болеста, за жал, повторно се врати и легендарниот српски тренер ја загуби најважната битка во животот.

Сочувство до семејството на Михајловиќ упатија голем број европски и светски фудбалери и тренери.

Роден во Вуковар, Михајловиќ кариерата ја почна во Борово, по што настапуваше за Војводина, Црвена ѕвезда, Рома, Сампдорија, Лацио и Интер.