Фудбалерот на Гана, Кристијан Атсу пронајден мртов под рушевините во Турција

Фудбалер од Гана е пронајден мртов во урнатините во Турција.

Во урнатините во Турција до утрово е пронајден мртов Кристијан Атсу, фудбалер од Гана кој настапуваше за клубот Хатајспор.

Неговиот агент потврди дека телото на Кристијан Атсу е пронајдено.

„Безживотното тело на Атсу е пронајдено под урнатините. Неговите работи моментално се отстрануваат, пронајден е и телефон”, напишал неговиот агент.

Атсу е роден на 10 јануари 1992 година. Играше за Порто, Рио Аве, Челзи, Витесе, Евертон, Бурнемаут, Малага, Њукасл, Ал Раед и Хатајспор.

За репрезентацијата на Гана одигра 65 натпревари и постигна 9 голови.