Уругвајскиот фудбалер Хуан Изкиердо (27), кој колабираше на теренот за време на натпреварот од Копа Либертадорес минатата недела поради проблеми со срцето, почина во болница.
„Со најдлабока тага и шок во нашите срца, Клубот Национал ја објавува смртта на нашиот сакан играч Хуан Изкиердо“, напиша уругвајскиот Национал на социјалната мрежа X.
Изкиердо беше во болница откако колабираше на натпреварот помеѓу Национал и бразилски Сао Паоло на 22 август. Тој колабираше во 84. минута без да стапи во контакт со друг играч. Тој беше однесен од терен со возило на брза помош пред да биде лекуван во одделението за интензивна нега во болницата „Алберт Ајнштајн“.
Болницата соопшти дека Изкиердо починал од мозочна смрт по кардиопулмонален застој поврзан со срцева аритмија.
„Фудбалот во Јужна Америка е во жалост“, рече Алехандро Домингез, претседател на управното тело на јужноамериканскиот фудбал КОНМЕБОЛ.
Претседателот на бразилската фудбалска асоцијација, Едналдо Родригес изјави дека на секој натпревар што ќе го организира асоцијацијата во среда ќе се оддржува едноминутно молчење.