Аргентинската фудбалерка Флоренс Гуиназа била претепана, па убиена од нејзиниот сопруг, кој потоа и самиот си го одзел животот.
Според информациите од аргентинските медиуми, настанот се случил во нивниот дом додека во куќата биле и нивните деца.
Пред да си го одземе животот, сопругот Агустин оставил порака на прозорецот на која пишувало: „Повикајте полицијата, децата се сами“.
Децата се на возраст од 5 и 7 години.
Кога соседот пристигнал во куќата, седумгодишното момче играло на својот Плејстејшн, во нивната соба не можело да се влезе бидејќи била заклучена.