ФСБ: Прекинат синџир на снабдување со експлозиви и електрични детонатори од Европа во Русија

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) објави дека пресекла ланец за испорака на експлозиви и електрични детонатори од Германија и Италија во Русија наменети за извршување терористички напади.

Во официјалното соопштение се наведува дека овој канал бил под надзор на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува РИА Новости.

„На територијата на Санкт Петербург, ФСБ ги идентификуваше и ги потисна каналите за испорака на експлозиви и електрични детонатори од Италија и Германија во Русија со цел да се изврши серија терористички напади. Во шуплини на резервни делови за автомобили беа скриени експлозиви и детонатори“, се вели во соопштението на ФСБ.