
Фрчкоски: Полицијата имала обврска да ја провери употребата на пиротехника
„Независно кој ги донел материјалите, може да се купени или донесени, МВР е задолжено да го блокира тоа и да види дали има злоупореба внатре, дозволата е страничен доказ дека местото не е океј. Нема кривична пријава за тоа. На пресот на Јавниот обвинител има за се друго, но нема за злоупотребата и не давањето дозвола за пиротхнички материјал. За тоа е одговорно министерството“, рече Фрчкоски.
Професорот и поранешен министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски во Аргумент плус рече дека одговорни за внесувањето и употребата на пиротехниката во дискотеката во Кочани се полицајците.
Според него, тие требало да го контролираат тој цел процес на употреба и давање дозвола за користење во затворен простор.
Одговорноста е директно поврзана со случајот и околу нас се одговорните лица кои дозволиле тие пиротехнички средства да се запалат, морало да се даде дозвола за употреба. Тука е одговорна полицијата. Тие имаат должност да дознаат бидејќи настанот е од таков тип и треба да има анализа на настанот. Полицијата тоа секогаш го прави. Да претпоставиме дека дискотеката имала легална лиценца и повторно не смее да се запали внатре и повторно можело да настане трагедија и со легална лиценца. Тука е одговорно МВР. Тие треба да влезат и да забранат употреба на било што. Независно кој ги донел материјалите, може да се купени или донесени, МВР е задолжено да го блокира тоа и да види дали има злоупореба внатре, дозволата е страничен доказ дека местото не е океј. Нема кривична пријава за тоа. На пресот на Јавниот обвинител има за се друго, но нема за злоупотребата и не давањето дозвола за пиротхнички материјал. За тоа е одговорно министерството“, рече Фрчкоски.
Тој објасни и дека оваа ситуација ќе биде залепена на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.
„Во оваа ситуација трагедијата ќе биде залепена на оваа влада и тие мислат дека со ова хистерично удирање насекаде ќе ја тргне одговорноста но ќе биде залепено за нив. Не може вината да ја префрлат на друг. Смешни се овие слики дека премиерот е Св Ѓорѓија кој ја убива аждајата односно корупцијата“, додаде Фрчкоски.