„Фројд е чудна работа“: Мицкоски за обвинувањата од Атина

„Не знам каде се препознале. Дали можеби имаат грижа на совест, па работи потсвеста, Фројд е чудна работа. Но, јас нема да навлегувам во таква дебата“, изјави премиерот одговарајќи на новинарското прашање што подразбира под македонско прашање.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги отфрли реакциите на официјална Атина по неговата изјава од САД дека македонското прашање не е затворено.

„Не знам каде се препознале. Дали можеби имаат грижа на совест, па работи потсвеста, Фројд е чудна работа. Но, јас нема да навлегувам во таква дебата“, изјави премиерот одговарајќи на новинарското прашање што подразбира под македонско прашање.

Тој истакна дека македонското прашање нема никогаш да биде затворено додека главните и стратешки цели не се реализираат, а тоа е полноправна членка на Европската унија.

„Јас знам дека во минатото имало луѓе коишто ја предводеле македонската влада, коишто македонското прашање воопшто и не им било ни меѓу првите 10 приоритети, но ќе ве молам да се навикнете на влада во којашто прв приоритет на претседателот на владата му е македонското прашање“, рече Мицкоски.