Фрлена експлозивна направа пред зградата на ректоратот во Нови Сад, повредени двајца студенти

Рано утрово пред зградата на ректорот во Нови Сад се случи инцидент во кој беа нападнати студенти од неформалната група СТАВ.

При нападот се повредени двајца студенти.

Нападот го извршиле лица кои наводно се задолжени за обезбедувањето на ректоратот.

Утрото околу 5 часот и 30 минути, врз студентите била фрлена експлозивна направа, чија експлозија одекнала низ центарот на Нови Сад, јавува 021.рс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Organizovana grupa STAV (@stav.ns)

На местото на настанот брзо пристигнале три полициски автомобили и Брза помош. Повредените ученици добиле лекарска помош на лице место.

Денеска се планирани изборите за студентски парламент, а членовите на групата СТАВ од рано изутрина се собраа пред ректоратот.

Претходно летото оваа група ја блокираше зградата на ректоратот во обид да го спречи одржувањето на изборите, нагласувајќи дека тие можат да се одржат само во просториите на факултетот.