Американците Френсис Тијафо и Тејлор Фриц, на голема радост на домашните фанови, изборија пласман во полуфиналето на последниот Грен слем во сезоната, Ју-ес опен.
Тијафо вторпат во последните три години ќе игра во полуфиналето на Ју-ес опен, додека Фриц за првпат влезе меѓу најдобрите четири на последниот Гренд слем.
Ова значи дека САД ќе има финалист на Грен слем за првпат по Вимблдон во 2009 година, кога Енди Родик загуби од Роџер Федерер во финалето.
Тијафо се пласираше во полуфиналето откако Григор Димитров се повреди кон средината на третиот сет и на крајот го предаде мечот во момент кога Тијафо водеше со 6:3, 6:7 (5-7), 6:3, 4:1.
Тејлор Фриц на вториот последователен Грен слем, Фриц успеа да го победи Александар Зверев. Откако славеше на Вимблдон, Фриц во Њујорк победи со 3:1 (7:6, 3:6, 6:4, 7:6) за речиси три и пол часа игра.
Последен пат двајца Американци меѓу себе играа во полуфиналето на Ју-ес опен во 2005 година. Тогаш Андре Агаси го победи Роби Џинепри.
Досега Фриц и Тијафо играле седумпати, а Тејлор води со 6-1.