,,Насилникот полесно се препознава од жртвата.Додека детето да каже дека трпи насилство од некој, не знаеме колку време поминало и што се се случувало во тој временски период кој поминал. ‘’ – истакна Ана Фрицханд – универзитетски професор во најновото издание на Трилинг.
,,Колку сме психолошки отпорни, е многу важно.Дали ќе дозволиме некој да не малтретира, дали ќе ја прифатиме улогата на жртва. Насилниците на напаѓаат случајно, тој точно избира кој би можел да биде потенцијална негова жртва.” – вели Фрицханд.
,,По мене алармот треба одамна да е вклучен, бидејќи и кај нас се случуваат настани кои треба да ни бидат доволно не само информативни туку и алармантни за да се запрашаме на каде движиме како општество.Некогаш имитираат насилни модели, немора само со оние со кои растеле, туку и оние кои што ги гледале или ги гледаат интензивно околу себе или ги имитираат моделите што ги гледаат на социјалните мрежи. А за жал, прилично долго и се во поголем број мали деца имаат пристап до различни содржини на социјални мрежи, медиумите, што е тоа што го гледаат на што се изложени може да биде сериозен ризик фактор кој ќе придонесе да некој се однесува насилно.” – потенцираше универзитетскиот професор Ана Фрицханд.