Фред Керли е новиот најбрз човек во светот

Американскиот атлетичар Фред Керли славеше на трката на 100 метри на Светското атлетско првенство во Јуџин. Тој го освои златниот медал со време од 9.86 секунди и ја понесе титулата најбрз човек на светот.

27-годишниот Американец минатата година се откажа од трката на 400 метри и во потполност се посвети на најбрзата атлетска дисциплина, а тоа му се исплатеше веќе во првиот обид, освои злато во кариерата.

Второ и трето место ги освоија Марвин Брејси и Трејвон Бромел, а двајцата низ целта минаа за две стотинки заостанување зад победникот.

Керли е новата ѕвезда во атлетиката и најавува дека ќе се обиде да го урне и рекордот на Јусеин Болт, кој изнесува 9.58.