Фредериксен: Трамп се нема откажано од Гренланд

Премиерката на Данска, Мете Фредериксен денеска во Парламентот изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп не се откажал од Гренланд и оти 60.000 луѓе и понатаму живеат во страв да не бидат преземени од САД.

– Трамп можеби засега заборави на Гренланд, но ќе се врати на тоа прашање. Засега, се чини дека е далеку. Можеби постои чувство дека можеме да здивнеме со олеснување. Мојот став е дека не можеме. Замислете како е да се живее во една од малите населби покрај брегот, кога најмоќната суперсила во светот зборувала за вас како за нешто што може да се купи, како за нешто што може да се поседува, како за нешто што мора да се има, истакна Фредериксен.

Таа посочи дека без оглед на се, Данска го поддржува Гренланд во одлучувањето за сопствената иднина.

Трамп претходно неколку пати изјави дека САД сакаат да ја преземат контролата над Гренланд поради безбедносни причини. Тој исто така не ја исклучи можноста за испраќање војници или користење економски притисок за да го освои Гренланд, територија на Данска.