Фредериксен: Данските борбени авиони Ф-16 наскоро ќе тргнат кон Украина

Борбените авиони Ф-16 во сопственост на Данска, чиј трансфер беше претходно договорен, наскоро ќе и бидат испорачани на Украина, изјави денеска данскиот премиер Мете Фредериксен на заедничката прес-конференција на учесниците на третиот самит Украина-Северна Европа.

Таа истакна дека денешната средба во Стокхолм е силна порака дека сите луѓе во Северна Европа стојат цврсто со Украина.

„Втората порака е многу јасна – мораме да ја забрзаме и зголемиме нашата поддршка за Украина, бидејќи ситуацијата на бојното поле е многу критична. Сега ги имаме безбедносните обврски на сите северноевропски земји. На Украина и дадовме голема воена помош а ние наскоро сакаме да дадеме уште повеќе. Наскоро данските Ф-16 ќе заминат за Украина“, изјави Фредериксен, пренесува Укринформ.