Што предвидува францускиот предлог за укинување на ветото – ЕУ да стане гарант дека Скопје ќе ги исполни условите на Софија.
Ова се засега првичните информации кои пристигнуваат во врска со францускиот предлог.
„Француското ротирачко претседателство е подготвено да ги вклучи барањата на Бугарија во преговарачката рамка за Северна Македонија и ЕУ да стане гарант за нивната имплементација, а се очекува да биде одобрен од другите земји – членки и покрај резервите дека билатералните прашања се пренесуваат во Европа. „Западен Балкан треба да се придвижи кон ЕУ“ – ова го пишува бугарскиот портал „Медиапул“.
Вниманието и во Скопје и во Софија е свртено кон францускиот предлог, од кој се очекува одговор.
Најавите се дека Франција ќе го испрати нацртот на новата преговарачка рамка за Северна Македонија до Бугарија и до другите земји-членки.
Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска изјави дека Скопје го нема добиено францускиот предлог.
„Имаме разговори со нашите бугарски колеги. Немам намера да коментирам дали владата или собранието во Софија ќе успее, тоа е внатрешна бугарска политика“ – изјави тој.