Жан-Ив Ле Дриан – министерот за надворешни работи на Франција вели дека поради дипломатската изолација на Русија и ефектот од меѓународните санкции, Украина ќе биде победник.
„Мислам дека Украина ќе победи. Преземавме значителни серии санкции, чии ефекти се тешки и според мене ќе бидат се потешки, што значи дека цената што треба да се плати за војната ќе стане неподнослива и во одреден момент, претседателот Путин ќе се соочи со изборот да има големи ефекти врз функционирањето на Русија или да ги отвори преговорите“ вели тој.
Сепак, предупреди на уништувањето и цивилните жртви што може да ги предизвика опсадата врз големите градови.
„Највпечатлив е силниот отпор на Украина, до точка што експертите не ја замислуваа. Мислам дека она што ќе го откриеме во Мариупол кога војната ќе заврши ќе биде ужасно, тука е Одеса, а потоа е Киев“ смета Ле Дриан.