Француската полиција ликвидира Тунижанец откако тој со нож избоде пет лица

Француската полиција денеска во центарот на Марсеј уби маж, кој претходно со нож избоде пет лица.

Француската полиција денеска во центарот на Марсеј уби маж, кој претходно со нож избоде пет лица.

Инцидентот се случил во хотел, а помеѓу повредените се и менаџерот на хотелот и неговиот син. Еден од повредените е во тешка здравствена состојба.

Напаѓачот е имигрант од Тунис, кој легално престојувал во Франција. Тој бил избркан од хотелот бидејќи не плаќал.

Локалната полиција соопшти дека напаѓачот имал два ножа и лопата кога бил застрелан од полицијата, соопштија обвинителот Николас Бесон и локалната полиција.