Француската министерка за спорт – Амели Удеа Кастера денеска заплива во реката Сена, за да докаже дека реката во Париз е доволно чиста и дека се е подготвено за натпреварите во пливање на претстојните Олимписки игри.
Натпреварите во пливачки дисциплини на Олимписките игри ќе се одржуваат во Сена, пренесува Фигаро и наведува дека натпреварите се одржувале во Сена за време на Олимписките игри во Париз и во 1900 година.
Градоначалничката на Париз, Ана Идалго, која се залагаше за кампања за чистење на често загадената Сена, исто така вети дека ќе плива во реката за претстојните Олимписки игри.
Олимписките игри во Париз почнуваат на 26 јули и ќе траат до 11 август.