
Кошаркарската репрезентација на Летонија направи колосален подвиг и ја совлада селекцијата на Франција со резултат 88:86 во второто коло од групната фаза на Мундобаскетот. На овој начин селекцијата предводена од Лука Банчи стигна до втората победа на Светското првенство и ги остави Французите, еден од фаворитите за освојување на шампионската титула, без место меѓу најдобрите 16 селекции на турнирот.
Неверојатна Летонија ја елиминира Франција! Еден од фаворитите на натпреварувањето водеше 39 минути со нереална шутерска вечер, но на крајот ја прокоцка победата. Летонците првпат поведоа на мечот на 37 секунди до крајот и на крајот победија со 88:86. Заедно со Канада обезбедија пласман во следната фаза, Франција и Либан беа елиминирани пред крајот на колото.
Така Франција шокантно беше елиминирана од Мундобаскетот, со оглед на тоа што во првиот меч беа поразени и од Канада, додека Летонија со оваа победа ќе оди понатаму.
Избраниците на Винсент Коле делуваа без знаење во второто полувреме од дуелот со Летонците на премиерата на Мундобаскетот, но се очекуваше лесна победа против балтичката селекција на искусен тим кој има толку многу ѕвезди во својот состав.
Сепак, Артурс Загарс, кој го одигра натпреварот на кариерата, и неговите репрезентативци мислеа поинаку.
Се играше брзо и ефикасно од самиот почеток. Франција подобро го отвори овој натпревар, а по првата четвртина имаше седум поени предност (33:26). Тие продолжија да ја одржуваат предноста до крајот на првото полувреме, а на пауза се замина со резултат 53:49.
Немаше навестување дека оваа средба ќе заврши драматично по крајот на третата четвртина, во која Франција целосно ја надигра Летонија и пред последните десет минути имаше вишок од 12 поени (74:62).
По оваа победа Летонија има скор од 2-0 бидејќи во првото коло беше подобра од Либан, а 2-0 има и селекцијата на Канада по триумфот над Либан и целосното уништување на Франција во првото коло.