Франција победник на детски Евросонг, Македонија заврши на 14-та позиција

Франција и нејзиниот претставник Лисандро со 203 поени победија на Детскиот евросонг, кој се одржа денес во Ерменија, додека Македонија заврши на 14-тото место (од 16 учесници) со вкупно 54 поени.

Нашите претставници Лара, Ирена и Јован ја изведоа „Животот е пред мене“ (My Life Ahead of Me), а поените ги добија од четири држави, еден поен од Холандија, пет од Ирска, четири од Србија и два од Украина, па гласањето од жирито го завршија со 12 поени.

Од публиката добија 42 поени.

Второто место го освои Ерменија со 180 поени, а трети беа претставниците на Грузија.

Своите гласови Македонија ги подели: 1- Србија, 2 – Англија, 3- Холандија, 4- Полска, 5-Шпанија, 6- Португалија, 7 -Ирска, 8 -Грузија, 10 -Франција и 12 за Ерменија.